Крвава тепачка во ноќен клуб во Куманово: Ги искршиле со палки и шипки

 

23-годишниот С.Т. и 24-годишниот Н.Г. од Куманово заработија кривична за насилство. На 09.05. околу три часот по полноќ 03  часот во ноќниот клуб „Тунел“ во Куманово, С.Т. при разминување со 18-годишниот Н.М.започнал вербална распарвија, а во еден момент насилникот со стаклено шише го удрил кумановчанецот во пределот на главата.

Според податоците од полицијата, откако другар на Н.М. се обидел да ги раздвои физички бил нападнат од Н.Г. по што  насилниците со мотори заминале пред зграда на улицата Народна Револуција. По ова со возило пред зградата дошле пријавените и со безбол палки и метални шипки ги нападнале М.И. и Н.М., при што го искршиле и моторот на Н.М.

 

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

26.06.2015 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега