Полицијата упадна во домот на 73-годишен старец од тетовско - еве што пронајде
При претресот во домот и помошен објект на 73-годишниот З.Р.во Шипковица синоќа се пронајдени 46 вреќи со земја во кои имало 51 непознато зелено растение со височина помеѓу 10 и 15 сантиметри, 150 пластични чаши од јогурт наполнети со ситна земја, од кои во пет имало изникнати непознати зелени растенија со височина од околу три сантиметри, како и пластична кутија со непознат растителен семенски материјал.
Како што пренесе МИА, како осомничен дека ги одгледувал растенијата е синот на сопственикот, 42-годишниот Х.Р. кој засега не е пронајден и по кого се трага. Претресот бил реализиран во консултација и координација со јавен обвинител, а растенијата биле пронајдени во помошен објект до куќата и балконот од третиот кат во куќата што ја користел Х.Р.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа