Скопјанец тешко повреден
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди од кои три се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на товарно моторно возило, четворица сопатници, еден пешак и еден возач на мопед.
Се случила и една незгода со тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возило.
Во текот на изминатите 24 часа од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 30 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 18 возачи не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, како и пет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците. Санкционирани се и пешаци и возачи на мопеди за сторени прекршоци по разни основи.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 57 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамки на проектот „Сообраќајна култура за децата во предучилишни установи“ ќе одржи едукативни работилници во детската градинка „Весели цветови“, објект „Синоличка“ која е наоѓа на подрачјето на општина Кисела Вода.
Од денеска до понеделник до 7 часот и 30 минути поради извршување на градежни работи на ул. „Јордан Мијалков“, истата ќе биде затворена за сообраќај. Прекинот е на делницата од улицата „Герман“ до улицата „Павел Шатев“, поранешна „Бихаќка“. За време на градежните активности сообраќајот ќе биде пренасочен по булеварот „Македонија“. Од сообраќајната полиција апелираат до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на физичкото регулирање на сообраќајот од униформирани полициски службеници, или други овластени службени лица, како и на времено поставениот режим за сообраќај.
Во недела со почеток во 8 часот ќе се одржи велосипедско дефиле како дел од проектот „Со велосипед на пат низ целиот град“. Дефилето ќе започне од Порта Македонија и ќе се движи десно по ул. „Димитрија Чупоски“ во продолжение по ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, десно по ул. „8 Септември“, десно по бул. „Илинден“ до влезот на Собрание на Град Скопје во продолжение до Школка во Градскиот парк. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа