Откриен идентитетот на трупот во Вардар

Според информацијата од СВР Велес женскиот труп кој денеска околу 10,30 часот беше забележан од учесниците во Вардарската регата „Гемиџии“ во водите на Вардар во близина на велешкото село Караслари, попладнево е извлечен и идентификуван.
Станува збор за лицето Александра Т. родена 1941 година од Велес, а која од страна на нејзиното семејство беше пријавена во СВР Велес како исчезната.
Како што информира портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска, по наредба на јавен обвинител телото на жената е предаден на фамилијата.
Оцени ја веста
25.06.2015 - 19:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа