Уште едно признание за Кире Лазаров - избран за најдобар екс-ју ракометар на сезоната
Капитенот на македонската ракометна репрезентација и вториот стрелец во Лигата на шампионите, Кирил Лазаров е прогласен за најдобар ракометар од екс-ју просторите во изборот на специјализираниот портал за ракомет „Balkan-handball„.
Десниот бек на Барселона доби 29 гласови, што е комбинација на гласови од публиката и стручното жири. Лазаров за еден глас ја победи конкуренцијата на Момир Илиќ. Тој е наследник на Домагој Дувњак и Момир Илиќ, кои победуваа во изборот во 2013 и 2014 година.
Најдобри екс-ју ракометари за сезоната 2014/15:
1. Кирил Лазаров (Македонија) 29
2. Момир Илиќ (Србија) 28
3. Ренато Сулиќ (Хрватска) 7
4. Домагој Дувњак (Хрватска) 5
5. Деан Бомбач (Словенија) 5
Во истиот избор меѓу тренерите, најдобар за сезоната која заврши беше прогласен Веселин Вујовиќ, кој го води хрватскиот ППД Загреб и словенечката репрезентација.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа