Гемиџиите во Вардар пронајдоа тело во распаѓање
Тело во водите на Вардар денес беше пронајдено од страна на Учесниците на Вардарската регата. Кајакарите исто како лани пронашле тело во реката кое било во лоша состојба.
Веднаш ја информирале полиција, чии екипи се на терен за да го извадат на суво.
-На тргнување ни пријдоа неколку момчиња и побараа од нас да внимаваме дали ќе најдеме некое тело, оти нивната мајка неколку дена се водела за исчезната. Веднаш по мостот кај Караслари, во густ и лош терен кајакарите сигнализраа дека виделе леш. Мислиме дека е на жена и случајот ги пријавивме во велешката полиција, велат учесниците на Регатата, пренесе Утрински весник.
Од СВР Велес за весникот велат дека засега не можат да кажат дали телото е на маж или на жена. Идентификацијата и обдукцијата треба да утврдат за кого станува збор.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа