Кампања „Лето без пожари" во Гази Баба
СВР Скопје по седми пат ја спроведува кампањата против пожари. Во кампањата се приклучи и општина Гази Баба, а целта е да се подигне свеста кај граѓаните и да се воведат рани превентивни мерки и како брзо да се реагира во одредени ситуации при пожари.
Во населеното место Стајковци, на случајни минувачи и возачи им се делеа флаери и флаширана вода, а воедно имаа и кратко објаснување за кампањата. Се потенцираше пораката - Водата е за пиење, а не за гаснење на пожари.
На настанот присуствуваа градоначалникот Тони Трајковски, началникот на Одделението за превенција во СВР Скопје, Биљана Милевска, началникот на полициска станица Гази Баба, претставници од СВР Скопје и месните заедници од населените места од Стајковци до Раштак.
Градоначалникот се приклучи во кампањата со делење на флаери, а воедно разговараше за проектите кои заеднички ќе се реализираат со претставниците од СВР Скопје.
Заедничкиот апел од СВР Скопје и градоначалникот Трајковски упатен до граѓаните на овие населени места, е при движење на отворени простори максимално совесно да се однесуваат, да не се предизвикуваат пожари,а доколку некој граѓанин забележи пожар ведаш да се јави во противпожарната бригада и до најблиските месни заедници за да може заеднички да се реагира. Општина Гази Баба формира противпожарна бригада составена од 20-тина луѓе,кои имаат добиено сертификат за справување со пожар, и ќе бидат од помош на противпожарната бригада на град Скопје.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа