Ограбени просториите на ФК Гостивар
Четириесет и четиригодишниот гостиварец М.Р, пријавил дека ноќта помеѓу 23-ти и 24-ти овој месец непознати сторители извршиле тешка кражба во службените простории на Фудбалскиот клуб „Гостивар“, сместени на градскиот стадион.
Крадците насилно ја отвориле металната врата на една од просториите и одзеле 21 фудбалска топка, кои биле ставени во мрежички и чанта со медицински препарати, наменети за санирање повреди на фудбалерите. Со одземеното, незабележни од никого, тие го напуштиле местото.
Полицијата извршила комплетен увид и се превземаат мерки и активности за откривање на сторителите, инволвирани во кражбата, во која вкупната материјална штета се проценува на 80 илјади денари.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа