ВИДЕО: Макаби го доведе најдобриот стрелец на Евролигата

 

Најдобриот стрелец на Евролигата Тејлор Рочести потпиша договор со Макаби на две плус една година и наскоро ќе дојде во Тел Авив. Трансферот беше најавуван и сега „Гордоста на Израел“ го потврди доаѓањето на леворакиот искусен Американец. Рочести минатата сезона блескаше во дресот на екипата на Нижни Новогород и во Евролигата просечно бележеше 18,5 поени и 5,7 асистенции. Во Јули Рочести полни 30 години, игра на позицијата на која што се прослави, плеј. Претходно во кариерата ги носеше дресовите на Гетинген, Алба, Галатасарај, Ле Ман, Каха Лаборал и Сиена.

 

 

 

 

Оцени ја веста

25.06.2015 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега