Холандската полиција ќе го попречува Тур де Франс

 

Холандската полиција незадоволна од висината на платата планира да протестира така што ќе ги попречува првите две етапи на светски позната велосипедска трка Тур де Франс, кои се закажани за 4 и 5 јули во Утрехт и во Ротердам. Полицајците ќе изведат со велосипеди протестно возење пред почетокот на трката на 4 јули, а ден подоцна на кратко ќе ја запрат Тур де Франс на мостот во Ротердам. - Полицискиот синдикат на 5 јули ќе протестира на мостот Еразмус, со цел да се избори за нов пристоен колективен договор, соопштија од синдикатот. Холандската полиција, меѓу другото бара и покачување на платата од 3,3 отсто и подобро платена прекувремена работа. Оваа година Тур де Франс почнува на 4 и 5 јули со етапите во Холандија, а завршува на 26 јули традиционално во Париз.

 

 

Оцени ја веста

25.06.2015 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега