Србија и Белорусија прва полуфинална двојка на ЕП за кошаркарки

 

Србија - Белорусија е првата полуфинална двојка на Европското првенство што се игра во Унгарија и во Романија, откако овие две селекции во четвртфиналето беа поуспешни од своите ривали. Србинките забележаа победа над Турција, додека Белорусинките синоќа славеа триумф над Литванија. Постигнати резултати: Србија - Турција 75:63 и Белорусија - Литванија 68:66. Денес се играат другите два четвртфинални дуела: Шпанија - Црна Гора (18 часот) Франција - Русија (20:30 часот).

 

 

Оцени ја веста

25.06.2015 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега