Реми на Шведска и Португалија за влез во полуфиналето на ЕП У-21

 

Репрезентациите на Португалија и на Шведска се пласираа во полуфиналето на Европското првенство за фудбалери до 21 година што се одржува во Чешка. Тие синоќа во меѓусебниот дуел од 3.коло во Б-групата одиграа нерешено 1:1. Со овој резултат победата на Италија над Англија од 3:1 немаше вредност за Италијанците да се пласираат на едно од првите две места. Сепак, победата на Италија и го донесе баражот и дуелот за 5.место против домаќинот Чешка, а подобриот од овој меч ќе се пласира на Олимписките игри во Рио следната година. Конечна табела Б-група: Португалија 5 бодови, Шведска 4, Италија 4, Англија 3. Во полуфиналето в сабота ќе играат: Данска - Шведска и Германија - Португалија.

 

 

Оцени ја веста

25.06.2015 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега