Анталија ќе го сврзе напаѓачкото дуо со Ето и Роналдињо
Некогашниот фудбалер на Барселона и на репрезентацијата на Бразил триесет и петгодишниот Роналдињо би можел да премине во Анталија, пренесуваат француските медиуми. На бразилскиот волшебник му истекува договорот со мексиканскиот клуб Куеретаро и ако не го обнови би можел да се најде во Европа повторно. Турскиот клуб Анталија го ангажираше Самуел Ето, а сега би можел да ја креира напаѓачката линија на Барселона од 2004 до 2008 година. Но некогашниот освојувач на „златната топка“ е на мета и на клубот Васко де Гама чиј претседател Еурицио Миранда сака да го ангажира.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа