Толку од кариерата на паркетот на Кириленко
Еден од најдобрите руски кошаркари во поновата историја Андреј Кириленко, објави дека ја завршува играчката кариера. Последниот месец го одигра за ЦСКА откако доби отказ од НБА тимот на Филаделфија за кој не одигра ниту еден меч сезонава. - Ова е крај на мојата кариера. Играв долго, имав многу успеси, но дојде време да преземам нова улога во кошарката, изјави 34-годишниот Кириленко. Во богатата кариера популарниот АК47 (Комбинација од иницијалите и бројот на дресот) играше за ЦСКА Москва, а потоа во НБА тимовите Јута Џез, Минесота, Бруклин Нетс и Филаделфија. Со 18 години и 132 дена во 1999 г. стана најмладиот играч кога било драфтуван во НБА. Освои неколку индивидуални награди во лигата и беше дела од Олстар тимовите. Со Русија освои олимписка бронза 2012-та, злато и бронза на ЕУРО 2007-ма и 2011-та. Два пати бил прогласуван за играч на годината од страна на ФИБА. Во 2012 беше избран за МВП ба Евролигата .
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа