ВИДЕО: Неверојатно - англиските фудбалри патуваа само 127 метри со автобус
Репрезентацијата на Англија која учествува на Европското првенство во Чешка за фудбалери до 21 година, во неделата со автобус патуваше од хотелот каде е сместена до стадионот каде го играше дуелот со Шведска. И се би било „нормално“ ако не се знае дека растојанието меѓу хотелот и стадионот е само 127 метри. Англичаните морале да се качат во автобусот поради стриктните правила на УЕФА кои наложуваат секоја репрезентација која учествува во натпреварите под организација на УЕФА на стадион да пристигне со официјалниот автобус. - Тргнаа. Возачот „стави“ во втора брзина, сврти на првата кривина и стигнаа, известуваа новинарите од Оломоуц, нагласувајќи го правилото на УЕФА, но во исто време запрашувајќи се, што на ова ќе кажат активистите за заштита на животната средина.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа