Ги изненади сите - Гвардиола повеќе милува да го сакаат отколку трофеите

 

Тренерот на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола на изненадување на многумина кои го сметаа за човек опседнат од освојување трофеи, изјави дека тоа не му е најважна работа во неговата тренерска кариера. - Не ме интересираат толку многу титулите, колку што ми е битно луѓето да ме сакаат. Тоа е нешто што сакам да го имам низ мојата тренерска кариера и тоа е смислата на мојата работа. Играчите понекогаш се навредуваат и мислат дека имам нешто против нив, а всушност тие одлуки се базираат на тактиката. Со еден играч бев на кафе, разговаравме за животот, а не за фудбалот. Следниот натпревар тој играч постигна два гола, истакна шпанскиот стручњак, а пренесе Миа. Гвардиола тренерската кариера ја почна во Б-тимот на Барселона, од 2008 до 2012 беше прв тренер на Барселона од каде замина во Баерн Минхен. Во неговата седумгодишна тренерска кариера има освоено 20 трофеи.

 

 

Оцени ја веста

25.06.2015 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега