(ФОТО) Црногорците откриваат: Србија сепак не е светски првак во фудбал
Неверојатен текст во црногорскиот весник Дан. „Светската титула на младинската репрезентација на Црна Гора освоена пред неколку дена во Нов Зеланд, е прославена и во Црна Гора“- е дел од текстот на црногорскиот весник Дан, кој последните 24 часа ја воодушеви интернет публиката и која со голема брзина се прошири на социјалните мрежи.
Новинарот на овој весник правејќи текст за славјето на српските навивачи и победата на екипата на Вељко Пауновиќ на Мундијалот малку се занесе, па успехот си го препиша на сопствената репрезентација. Вистината е следна: Србија е светски првак, победата се славеше во Црна Гора, особено во градот на „големиот орел“ Станиша Мандиќ – Херцег Нови.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа