ФОТО: Пресечена црвената лента - Коневски пушти нова улица во Мичурин
Жителите на општина Аеродром, населба Мичурин ќе можат да ја користат новата улица „Атанас Митрев 3“, која воедно денеска официјално беше пуштена во употреба.
Црвената лента, со која беше пуштена во употреба улицата, ја пресекоа министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски и градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски.
-Проектот опфати изградба на новата улица „Атанас Митрев 3“ со целосно нова инфраструктура, улица која ги поврзува улиците „Венјамин Мачуковски“ и “Петар Ацев“. Вкупната должина на новата улица е околу 200 метри, а широчината 6 метри, согласно Деталниот урбанистички план, објасни градоначалникот Коневски.
Покрај изградбата на новата улица, исто така се изградија и тротоари со широчина од по 1,5 метар од двете страни на улицата, како и нови линии за јавно осветлување.
За овој проекти Општина Аеродром издвои околу 5 милиони денари.
Министерот за транспорт и врски, Мисајловски подвлече дека покрај работата на автопатите, макотрпно се работи и на локалната инфраструктура бидејќи тоа се многу важни патишта за секој граѓанин на Македонија.
-Ние како Влада вложуваме многу во локалната инфраструктура. До сега се изградени преку 360 локални патишта, со вкупна должина од преку 700 километри, во вредност повеќе од 57 милиони евра. Оваа година завршивме 14 локални правци, а моментално работиме на повеќе од 20, а до крајот на годината ќе ги завршиме сите оние 46 кои беа најавени во програмата преку Јавното претпријатие за државни патишта, истакна министерот Мисајловски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа