Нани од Манчестер Јунајтед во Фенербахче

 

Португалскиот репрезентативец Луис Нани кариерата ќе ја продолжи во турскиот фудбалски клуб Фенербахче.

Португалецот доби дозвола од менаџерот на неговиот досегашен клуб Манчестер Јунајтед да замине од „Олд Трафорд“ и тој од неколкуте понуди ја одбра онаа на екипата од Истанбул.

Манчестер од овој трансфер ќе заработи 10 милиони евра, додека Нани следните четири години во Фенербахче ќе има неделна плата од 75 илјади евра.

 

 

Оцени ја веста

24.06.2015 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега