Љиљана се враќала од продавница - Македонецот ја прегазил и избегал
Македонски државјанин кој управувал камион со кумановски регистарски таблички, вчера прегазил жена во српскиот град Краљево, околу пладне на пешачки премин, на една од најфрефентните улици во центарот на градот, во моментот кога жената се враќала од продавница.
- Возачот Ќазим Е. (49), државјанин на Република Македонија, со камион марка “мерцедес“ смртно ја повредил Љиљана Павковиќ (62), која од здобиените повреди почината на самото место. Возачот излегол од кабината и побегнал. Полицијата сеуште трага по него, стои во полициското соопштение.
Очевидци изјавиле дека глетката била страшна и додале дека возачот излегол од кабината и се дал во бегсто додека возилото сеуште било во погон.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа