Почнуваат разговорите меѓу Дачиќ и Вучиќ за реконструкција на владата

 

Уште утре би требало да почнат разговорите за реконструкција на српската влада кои воглавно ќе се одвиваат меѓу главните партнери во коалицијата Српската напредна партија и Социјалистичката партија на Србија. Според српскиот печат промените во Владата на инсистирање на СНС нема да се сведат само на неколку министри туку истата ќе бара целосна и темелна реконструкција која што ќе ги опфати и државните секретари и помошници министри како и директори на државните претпријатија. 

Веќе било направило анализа на кадровските смени на држаните ресори од оваа партија. По договорот меѓу СНС и СПС ќе следат разговори со останатите членки на коалицијата, од кои се очекува да предложат смени во ресорите, за кои одговараат.

Сите ќе можат да дадат предлози за смени и од другите партии.

Лидерите на СНС и СПС Александар Вучиќ и Ивица Дачиќ веќе соопштија дека темата за реконструкцијата на владата сега доаѓа на дневен ред.

Вучиќ изјави дека СНС е подготвена да смени десетина министри и службеници и дека по овој пат ќе треба да тргнат и социјалистите, и партијата Обединети региони на Србија.

Дачиќ одговори дела СПС е подготвена за реконструкцијата и дека сите, без оглед на партиската припадност, можат да останат на функциите само доколку имаат резултати.

Одлуката на Европскиот совет за почеток на преговори во јануари е историски чекор на владата на Ивица Дачиќ и значително ќе ги олесни натамошните чекори на земјата, изјави претседателот на Извршниот совет на СПС Бранко Ружиќ во интервју за „Новости“.

најчитано сега