ФОТО: Драчево ќе добие тениско игралиште

 

Основното училиште “Кузман Шапкарев ” во населбата Драчево е следната дестинација за изградба на единечен тениски терен, за кој денес, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец - Алексиќ поставија камен темелник.

Ова е 75-то по ред тениско игралиште, кое започнува да се гради, како дел од проектот за изградба на 120 тениски терени низ целата држава. 

-Агенцијата за млади и спорт заедно со Владата на Република Македонија продолжува со реализација на капиталните проекти за изградба на спортската инфраструктура во целата држава, со цел спортот да биде достапен на сите и тој да биде приоритет во животот на младите генерации. Од капиталните проекти не е изземена ниту општината Кисела Вода, каде досега се инвестирани околу 66 милиони денари за изградба на 2 спортски сали и 2 повеќенаменски игралишта, истакна Спасески.

Тој посочи дека во изминатите месеци имаат одлична динамика на реализација на проектот “120 тениски терени”, од кои 44 терени се изградени и ставени во функција, а уште 30 терени ширум земјата, се во фаза на градба и се очекува да бидат завршени во текот на летото.

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Беличанец- Алексиќ се заблагодари на Владата и на Агенцијата за млади и спорт за сите инвестиции во оваа општина и потсети дека само во изминатата година, населбата Црниче и селото Драчево добија повеќенеманески игралишта, како резултат на одличната соработка помеѓу општината и АМС.

 -Верувам дека по изградбата, ова игралиште ќе претставува вистинска поддршка за младите луѓе кои сакаат да спортуваат, но и за сите оние кои се вљубеници во белиот спорт, потенцираше, Беличанец – Алексиќ.

Инвестицијата е вредна 6,2 милиони денари, а градежните работи се очекува да финализираат за нешто помалку од 4 месеци.

 

 

Оцени ја веста

23.06.2015 - 14:03
Фото: 
курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега