Мијатовиќ: Да не беше војната Југославија ќе беше најсилната на светот

 

Југославија би имала потенцијал да стане најдобриот тим на светот – изјави Мијатовиќ во интервју за сајтот на ФИФА. Младинската репрезентација на Србија би станала шампион на светот во фудбал, откако во саботата го совлада фаворизираниот Бразил во продолжетоци со 2:1. Младите фудбалери на Србија и селекторот Вељко Пауновиќ повеќе пати истакнаа дека главната инспирација им била прочуената „чилеанска генерација“ која во 1987 година на Југославија им ја донесе титулата шампиони на светот. Легендата на југословенскиот фудбал Предраг Мијатовиќ зборуваше за сајтот на ФИФА за подвигот на генерацијата во Чиле.

„Нашиот прв меч беше против домаќинот, пред 65.000 луѓе на националниот стадион во Сантијаго. Игравме добро и победивме на тој меч, со што свативме дека далеку можеме да догураме. Станавме мошне блиски, бевме тим кој играше напаѓачки фудбал, постигнуваше многу голови и уживавме во играта“. По, Чиле, Југославија ја победи Австралија, Того, Бразил, Источна Германија и во финалето Западна Германија на пенали. Мијатовиќ не играше во финалето, но и понатаму го памети тој ден. Беше тоа прв трофеј во мојата кариера, на кој со радо срце се сеќавам. Многумна од нас станаа врвни фудбалери и имаа успешни кариери. Мијатовиќ тврди дека Југославиј би владееласо светскиот фудбал да не дошло до војна и распад на земјата. „Имавме се што е потребно да станеме најдобра екипа на планетата, но војната промени се. Репрезентациите на Балканот не можеа да играат на натпревари четири години, а ние тогаш бевме на врвот. Тоа беа тешки времиња.

 

 

Оцени ја веста

23.06.2015 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега