Му впериле пиштол во глава - хорор за тетовчанец
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 35-годишниот тетовчанец Ј.И. за киднапирање и насилство. Според податоците од полицијата, 35-годишниот Б.И. од Тетово движејќи се со патничко возило „опел кадет“ по улицата „Иво Лола Рибар“, запрен од Ј.И.и бил повикан заедно да отидат и наводно да стават фолии на стаклата од возилото.Двајцата заминале кон ресторан во Тетово каде дошле и други лица кои му се заканувале на Б.И. по животот со пиштол, заради наводно украден лап-топ. Истите физички го нападнале, а несреќниот тетовчанец паднал во бессознание и се разбудил во Клиничка болница во Тетово.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа