Вечерва сите во Градскиот Парк во Скопје - еве зошто
Осмото издание на традиционалниот мултимедијален спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга“ ќе се одржи вечер во Градскиот парк во Скопје.
Годинава, организаторите на настанот, Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар, ќе го претстават фасцинантниот проект „Бродвеј под ѕвездите“ во кој пред присутните ќе исполнат хитови, дел од најпознатите филмувани мјузикли.
Македонската филхармонија ќе настапи под диригентство на маестро Борјан Цанев, а солист на концертот е популарната вокалистка Сара Костадиновска, која музичката публика ја познава како Сара Мејс.
Следејќи ја традицијата, и овој пат на огромни платна покрај сцената инспирацијата од музиката ќе ја пренесат двајца ликовни уметници. Годинава честа за тоа им припадна на сликарите Милан Андов и Стојан Ѓуриќ.
На настанот ќе бидат поделени и 20.000 примероци од книгата „Фигури“ од новелистот и поет, Јан Неруда, еден од најистакнатите ликови во литературните кругови во Чешка во втората половина на 19 век.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа