Машовиќ не успеа да и го донесе третиот медал на Македонија на Европските игри во Баку
Самбо борачот Бајро Машовиќ вечерва загуби од Размик Тонојан (Украина) и не успеа на Македонија да и го донесе третиот бронзен медал од Европските Олимписки игри, што се одржуваат во Баку, Азербејџан.
Машовиќ во репасажот беше убедливо поразан од Украинецот со 4:0. Победник во оваа дисциплина +100 кг. е рускиот самбо борач Артем Осипенко. Македонија и по денешниот ден на Игрите во Баку остана на двете бронзени медали освоени од каратистите Емил Павлов и Мартин Несторовки.
Оцени ја веста
22.06.2015 - 23:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа