Пандев повторно со најдобар резултат од македонските атлетичари во Баку

 

Македонскиот атлетичар Ристе Пандев и вториот ден на Европските Олимписки игри во Баку постигна најдобар резултат од нашите атлетичари. Тој трката на 200 метри ја истрча за 21 секунда и 67 стотинки и го освои вкупно седмото место и донесе најмногу поени за нашата репрезентација и вториот ден од атлетските натпревари.

Тројца македонски атлетичари на денешните натпревари во Баку остварија најдобри лични резултати во својата дисциплина. Настапите во атлетика на Европските Олимписки игри во Баку беа всушност и дел од 3. лига од рамките на ЕАА во која се натпреваруваат 14 држави.

Првото место и златниот медал го освои Словачка, пред Австрија која освои сребро, додека бронзата и припадна на селекцијата на Израел. Македонија собра вкупно 143 поени и се пласира на 12.место.

 

 

Оцени ја веста

22.06.2015 - 21:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега