Манџукиќ потпиша за Јувентус

 

Хрватскиот напаѓач и доскорешен играч на Атлетико Мадрид, Марио Манџукиќ од денеска и официјално е нов фудбалер на Јувентус. Висината на трансферот изнесува 19 милиони евра, сума која италијанскиот шампион на сметката на Атлетико ќе треба да ја уплати на три годишни рати заклучно со август 2017 година.

Хрватот се обврза следните четири години да биде дел од составот на актуелниот италијански шампион и европски вицепрвак.

Ова е трето заслилување за „Старата дама“ во летниот преоден рок. Претходно за Јувентус потпишаа Сами Кедира и Пауло Дибала.

 

 

Оцени ја веста

22.06.2015 - 19:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега