Реакции во таборот на Вардар по добивањето на противникот во квалификациите за ЛШ

 

Во таборот на македонскиот фудбалски шампион Вардар поголемиот број од играчите и од стручниот штаб не го посакуваа АПОЕЛ за противник во Лигата на шампионите, но откако го добија кипарскиот претставник вардарците се едногласни дека добија силен ривал, но и дека имаат шанси за обезбедување пласман во третото квалификациско коло. Тренерот Александар Васоски верува во изненадување против фаворизираниот АПОЕЛ.

- Се работи за тежок противник, но ние ќе се обидеме да направиме изненадување. Искрено не го посакував овој тим, а од оние пет кои можеа да ни се паднат најмногу го сакав Карабах. Би сакал да истакнам дека имаме шанси, и можам да кажам дека тие се 50-50. Ќе дадеме се од себе да се обидеме да направиме изненадување. Изненадувања се можни во фудбалот, тоа го покажа токму Вардар пред повеќе од 10 години кога играше со ЦСКА Москва која тогаш беше во најсилен состав, истакнува Васоски.

Играчот од средниот ред Влатко Гроздановски смета дека кипарската екипа не е така силна како што беше пред 4-5 години.

- Имаме шанси. Не треба да го потценуваме, но ниту да го преценуваме противникот. Подобро ќе беше да ни паднеше Карабах, меѓутоа и против АПОЕЛ шансите да поминеме понатаму постојат. Тие не се толку силни како што беа пред 4-5 години, нагласи поранешниот македонски репрезентативец.

Вардар на 14 или 15 јули во 2.квалификациско коло од ЛШ ќе гостува во Никозија, а по една недела ќе го игра реваншот на домашен терен.

 

 

Оцени ја веста

22.06.2015 - 19:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега