Социјалните мрежи се запалија по коментарот на еден Хрват за победата на Србија над Бразил

 

Социјалните мрежи беа запалени од коментарот на еден Хрват кој говореше за фудбалскиот меќ од кој Србија излезе како победник. Но, не само тоа... На Facebook страната Фудбалски експерт, излезе со коментар кој говореше за победата на репрезентацијата на Србија над Бразил. Еве го во целост: „Хрват сум, мислам дека е глупо ова и да го напишам иако живееме во свет кој е зло, па морав да напоменам кој сум. Значи вака. СРЦЕТО МИ Е ПОЛНО!!! Го гледав целиот меч, се разбудив рано, само да ги гледам нашите соседи СРБИЈА, и навивав со цело срце како да игра Хрватска. Така моите ме одгледаа, за мене сите луѓе се исти, сите сме браќа!!! Победен е ГОЛЕМИОТ БРАЗИЛ, светот е воодушевен!!! Кога луѓето би мислеле и би имале срце и душа како мене, НИКОГАШ не би имало војни. Секогаш би се сакале, почитувале, но не, како што гледате по многу коментари, злото владее и понатами и никогаш нема да има мир, ниту единство, но јас сепак се надевам дека ќе има, секогаш сум оптимист. ДАЈ БОЖЕ!!! Поздрав на сите луѓе со добра воља!!!

Да потсетиме фудбалската репрезентација на Србија до 20 години е светски првак. Во финалето на Нов Зеланд, со 2:1 го победи Бразил по продолженија. Голот на одлука во 118 минута го постигна Немања Максимовиќ за титула на Мундијалот.

 

 

Оцени ја веста

22.06.2015 - 17:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега