Хрвтите слават - од денеска Хрватска членка на ЕУ

 

Од денеска 28-та земја членка на ЕУ ќе биде Хрватска. Хрватите станаа и официјално граѓани на Европската унија по 22 години од нивната независност од поранешна Југославија. Хрватсака е втора земја членка на ЕУ од земјите на поранешна Југославија, по Словенија која ваков статус доби во 2004 година. По 2007 година кога во ЕУ влегоа Бугарија и Романија ова е прво проширување. 

Веќе петта година по ред како Хрватска се наоѓа во рецесија со рекордна невработеност од 21%. Но и покрај ваквиот негативен тренд илјадници хрватски граѓани на плоштадот излегоа со знамиња и го прославија овој значеаен ден за земјата. 

Во Загреб, во присуство на голем број странски лидери, се одржа богата музичка програма до полноќ, кога со огномет и исполнување на химната на ЕУ - „Одата на радоста“ од Бетовен беше одбележано официјалното присоединување на Хрватска кон ЕУ.

- Ние сме тука во оваа историска ноќ. Ваша беше желбата да се приклучите кон ЕУ и вашата макотрпна работа го овозможи тоа, изјави претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо пред илјадниците граѓани на плоштадот „Бан Јелачиќ“ во Загреб, поздравувајќи ги присутните на англиски и на хрватски јазик.

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ се осврна на „новата улога“ на Хрватска во регионот и кон земјите со кои била во конфликт - Србија, Црна Гора и БиХ.

- Ние треба да им подадеме рака на овие земји и да им помогнеме во адаптирањето кон европските критериуми, истакна Милановиќ.

Претседателот Иво Јосиповиќ нагласи дека Хрватска е веќе „целосно прифатен и рамноправен член на најуспешната Унија на европските држави, која некогаш постоела“.

Од денеска се отстрануваат царинските пунктови на хрватската граница со нејзините соседи од ЕУ, Словенија и Унгарија, а табли и знамиња на ЕУ се поставени на границите со БиХ, Србија и Црна Гора, кои не се членки на Унијата.

Хрватска поднесе барање за членство во ЕУ во 2003 година, а официјален статус на кандидат доби во 2004 година. Преговорите за членство ги започна во октомври 2005 година, а тие завршија во 2011 година со потпишување на договорот со Брисел. Ратификацијата на овој договор од страна на 27-те земји членки заврши во март оваа година.

најчитано сега