Работнички, Шкендија и Ренова ги добија ривалите за 1.коло во квалификациите од ЛЕ
Освојувачот на Купот на Македонија екипата на Работнички единствена која ја имаше улогата на носител на група во првото коло од квалификациите на Лига Европа за противник го доби тимот од Естонија, Флора Талин.
Најатрактивен противник доби тетовска Шкендија која за ривал ќе го има поранешниот победник на Купот на куповите шкотски Абердин.
Ренова во првиот „филтер“ за противник ја доби екипата на Дачија од Кишињев (Молдавија).
Според распоредот Ренова и Шкендија првите натпревари ќе треба да ги играат на домашен терен, додека Работнички ќе гостува на првиот дуел. Првите натпревари се закажани за 2 јули, а реванш дуелите за 9 јули. Најверојатно Ренова или Шкендија натпреварот како домаќин ќе мора да го играат на 30 јуни.
Извлекувањето на двојките за второто коло од квалификациите ќе се одржи попладнево.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа