Како на филм: Го запреле за да го уапсат - штипјанец ја расипал работата
Во текот на вчерашниот ден околу 13 часот и 30 минути во Штип, полициски службеници од при контрола на возило „Лада“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот С.Д. од Штип, констатирале дека по истиот се трага, поради бегство од Затворот Струмица. Како што пренесува македонската полиција, при превземање на дејствија за лишување од слобода, полицискиот службеник бил спречен од страна на сопатникот во возилото, 20-годишниот штипјанец С.Д. Тој бил фатен за левата рака и повлечен наназад, од што изгубил рамнотежа, а С.Д. ја искористил приликата, се отргнал и се дал во бегство.
С.Д.(20) е лишен од слобода,за настанот е известен и Јавен обвинител и против истиот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа