Вардар против АПОЕЛ во Лигата на шампионите

 

Фудбалскиот шампион на Македонија Вардар ќе се сретне со првакот на Кипар АПОЕЛ, во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Првиот натпревар ќе се одигра во Никозија на 14/15 јули, а реваншот ќе се одигра една недела подоцна во Скопје. Стоперот на „вардарци“ Бобан Грнчаров порано настапуваше за кипарскиот клуб и се надеваше дека ќе го избегнат АПОЕЛ, но ждрепката во Нион одлучи поинаку. 

АПОЕЛ 24-кратен шампион на Кипар и има 21 трофеј во националниот Куп. Во тимот на АПОЕЛ во моментот настапува младинскиот репрезентативец на Македонија, Валмир Нафиу.

Тимот на Агим Ибраими Марибор ќе игра против Астана од Казахстан, додека Сараево на Крсте Велковски ќе се сретне со Лех Познањ.

 

 

 

Оцени ја веста

22.06.2015 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега