Ѓорческа со најдобар пласман во кариерата и во сингл и во двојки
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа на последната промена на ВТА листата објавена денеска ги има најдобрите пласмани во својата кариера во двете конкуренции.
Со 18-те поени освоени на фјучрсот во Галаци таа има вкупно 96 и во поединечна конкуренција се наоѓа на 367.место.
Во конкуренција на двојки Ѓорческа по триумфот исто така на фјучрсот во Галаци се проби на 278.место со вкупно 203 поени, што е нејзин најдобар пласман.
Нашата тенисерка и следниот понеделник ќе има напредок на листата откако ќе и бидат запишани победите во двете конкуренции на фјучрсот во Тарсус што заврши вчера.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа