Познати четвртфиналистите на „Копа Америка“

 

Со одигрувањето на натпреварите од 3.коло од Ц-групата познати се сите осум екипи кои изборија пласман во четвртфиналето на „Копа Америка“.

Бразил ноќеска ја победи Венецуела со 2:1 во последниот натпревар од групата и со тоа го обезбеди првото место. Стрелци за „кариоките“ беа: Тиаго Силва во 9.минута и Роберто Фирмино во 51.минута. Голот за Венецуела во 84.минута го постигна Николас Федор.

На претходниот дуел во оваа група Перу и Колумбија одиграа без голови 0:0, па и двете селекции обезбедија четвртфинале, а натпреварите ги заврши Венецуела заедно со Еквадор, Мексико (А група) и Јамајка (Б група).

Табела Ц група: Бразил 6 бодови, Перу 4, Колумбија 4, Венецуела 3.

Репрезентациите на Уругвај и Колумбија како две најдобро третопласирани изборија 1/4 финале бидејќи освоија по 4 бодови, додека Еквадор имаше 3 бодови.

Во четвртфиналето ќе играат:

Чиле – Уругвај (24 јуни), 
Боливија – Перу (25 јуни), 
Аргентина – Колумбија (26 јуни) и 
Бразил – Парагвај (27 јуни).

 

 

Оцени ја веста

22.06.2015 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега