Тешка група за Македонија на ракометното Европско првенство во Полска

Македонската ракометна репрезентација на денешеното извлекување на групите во Краков за противници во првата фаза на Европското првенство во Полска 2016 ги доби: домаќинот Полска, бранителот на трофејот Франција и Србија. Трите првопласирани селекции од четирите групи ќе продолжат во следната фаза.
Улогата на фаворити во групата А ја имаат селекциите на Франција и Полска, додека за Македонија останува борба за подобар пласман во дуел со Србија и секако можност за некое изненадување.
Распоред на групите на ЕП Полска 2016:
Група А (Краков): Франција, Полска, Македонија, Србија.
Група Б (Катовице): Хрватска, Исланд, Белорусија, Норвешка.
Група Ц (Вроцлав): Шпанија, Шведска,Германија, Словенија.
Група Д (Гдањск): Данска, Унгарија, Русија, Црна Гора.
Европското првенство ќе се одигра од 15 до 31.јануари 2016 година.
Натпреварите по групи ќе се играат во четирите градови, главната фаза ќе се игра во Краков и Вроцлав, а полуфиналето и финалето е предвидено да се игра во Краков.
За Македонија ова е четврто учество на Еверопско првенство.
Оцени ја веста
19.06.2015 - 16:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа