Општина Богданци по втор пат објави повик за прибирање предлог проекти од јавен интерес
Општина Богданци денеска по втор пат го објави повикот за прибирање предлог проекти од јавен интерес за подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните од областа на локалниот економски развој, образование, култура, спорт и заштита на животната средина кои треба да бидат поднесени од здруженија на граѓани и фондации од општината.
Буџетските средства за оваа намена годинава ќе се доделуваат еднократно по доставен и одобрен предлог, соопштија општинските служби од каде што појаснија дека предлог проектите мора да кореспондираат со стратешките документи на општината и да се реализираат на територијата на општина Богданци.
Краен рок за поднесување на документите е 15 дена од објавувањето на повикот, а подносителите на проектните апликации за исходот ќе бидат известени во рок од 10 дена од денот на донесување на одлуката за рапределба на наменските средства од буџетот на општина Богданци.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа