Атлетскиот шампион Фарах пропушти два допинг теста

 

Двојниот олимписки атлетски шампин Мо Фарах пропушти два допинг теста во пресрет на Олимписките игри во Лондон 2012-та, пренесоа британските медиуми.

Весникот „Дејли мејл“ пренесе дека британскиот шампион во трките на 5 илјади, како и 10 илјади метри пропуштил два допинг теста во 2010 и 2011 година.

Правилата на спортистите им дозволуваат да пропуштат два теста, како и да е третиот пропуштен дава шанса за суспензија и до четири години.

Според извештајот, Фарах првиот тест го пропуштил шест месеци пред соборувањето на 28 години стариот британски рекорд Дејвид Муркрофт на 5 илјади метри и е прв Британец кој таа делница ја истрча за помалку од 13 минути.

Вториот тест кој требаше да биде извршен во неговиот дом исто така го пропушти.

Фарах во жалбата до Британската анти допинг агенција наведе дека тогаш инспекторите ѕвонеле на портата од негвата куќа.

ВВС неодамна пренесе дека тренерот на Фарах, Алберто Салазар и неговиот тренинг партнер Гејлен Рап се вмешани во допингот.

 

 

 

Оцени ја веста

19.06.2015 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега