Денеска ги дознаваме нашите противници во ЕП во ракомет

 

Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска ќе ги добие противниците во групата на Европското првенство што во јануари 2016 година ќе се одржи во Полска. Според рејтингот Македонија е рангирана во третиот „шешир“ на извлекувањето. Првата фаза се игра во четири групи по четири селекции, а тритепрвопласирани продолжуваат во следната фаза, пренесува МИА.

Шампионатот ќе се игра во четири градови: Краков (финале), Катовице, Вроцлав и Гдањск. Почетокот на извлекувањето на групите е во 14:30 часот.

Распоред на репрезентациите по „шешири“:

„Шешир 1“: Франција (европски шампион), Данска, Шпанија и Хрватска.
„Шешир 2“: Исланд, Полска (домаќин), Шведска и Унгарија.
„Шешир 3“: Русија, Македонија, Германија и Белорусија.
„Шешир 4“: Србија, Норвешка, Словенија и Црна Гора.

Организаторот Полска заедно со Европската ракометна федерација (ЕХФ), некои од репрезентациите ги поставија во кои градови каде ќе играат: Полска (Краков), Хрватска (Катовице), Германија (Вроцлав) и Данска (Гдањск).

Шампионатот ќе се игра од 15 до 31 јануари 2016 година.

 

 

Оцени ја веста

19.06.2015 - 09:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега