Колку ќе ја чини Португалија што не играше Роналдо?
Организаторот на пријателскиот дуел меѓу Италија и Португалија, кој се играше во вторникот во Женева, поднесе сериозна забелешка до португалската фудбалска федерација, поради неисполнување на ветеното. Во договорот за мечот, стоело дека двете селекции требало да настапат во најсилни состави, но капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо не се појави на теренот.
И без ѕвездата на Реал Мадрид, Португалија победи со 1:0, но навивачите на стадионот останаа разочарани, бидејќи не го видоа фудбалерот кој е идол на многумина.
Првите луѓе на португалскиот фудбал решиле да му дадат одмор на капитенот, но затоа организаторот на пријателскиот дуел, поднесе барање за компензација од 380.000 евра, поради неиграњето на Роналдо.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа