„Журнал“: Која е позадината за незадоволството на Family?

 

МЗТ Скопје веќе четврта година по ред е доминантен во македонската кошарка. „Металците“ од сезона во сезона се се’ посилни со играчки кадар кој не можеше ниту да се замисли во сезоните пред четири години. Тимот од Аеродром освојува титули, доби нов спортски храм и настапува во регионалната АБА лига, но тоа за навивачката група Family на изненадување на сите не е доволно. Вистинските љубители на кошарката прашуваат зошто е тоа така?, пишува порталот Журнал.нет.

Македонската кошаркарска јавност нема дилеми дека за МЗТ Скопје никогаш не било подобро. Навивачите кои со децении чекаа титула во Аердром добија низа трофеи. Прашањата кои ги поставуваат вистинските љубители на кошарката е која е позадината за незадоволството кај навивачите кои го добија сето она што претходно го немаа, но сепак се незадоволни од раководството на клубот.

Популарната навивачка група Family од само познати за нив причини непотребно влегоа во војна со луѓето од управата на клубот која создаде шампионски МЗТ,  изгради нов спортски храм каде настапува клубот и освојува титули. Вистинските љубители на кошарката на социјалните мрежи поставуваат низа прашања кон навивачката група која создава немир кој му штети на клубот. Вистинските љубители на кошарката прашуваат:

- Зошто Family не кажат дека оваа година заради непримерно однесување на трибините кај што се собираа и така мал број на Family,  клубот платил казни повеќе од 10.000 евра, така ли Family му помага  на клубот?

- Зошто врхушката на Family, кои се и активисти на СДСМ ја злоупотребува Фејсбук страната на МЗТ и со тоа прави штета на клубот?

- Зошто не кажат јавно дека ако некој сакал нивните графити намерно да ги отстрани, зошто тогаш освен по училиштата, на сите други места нивните графити не се чепнати или тоа не им одговара да го знаат другите?

- Ако на Family им е важен клубот, зошто тогаш кога клубот ги бележи најголемите успеси во својата историја му прават опструкции, дали поважен им е клубот или некој друг?

- Дали тоа што Аеродром прерасна во спортски центар и пример како треба да изгледа една општина му смета некому?

- Дали дел од Family се редовни на протестите на опозицијата и затоа не им одговара успехот на градоначалникот?

- Дали на дел од врхушката од Family им е важно клубот да освојува трофеи или им се важни некои лични интереси или пак преовладуваат тесните врски со опозицијата?

- Кој вистински го спаси МЗТ, кој е заслужен за 4 шампионски титули кои претходно 20 години се сонуваа, кој му обезбеди на клубот сала во која 35 години му се обезбедени сите врвни услови за спортување?

Ова се само дел од прашањата кои вистинските љубители на кошарката ги упатуваат на адресата на навивачката група. Според нив, големите успеси на МЗТ во последните неколку години очигледно му пречат некому, па преку  преку навивачите се бараат причини да се оцрни раководството на клубот, кое изминативе години направи шампионски МЗТ.

Журнал.нет

 

 

Оцени ја веста

17.06.2015 - 20:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега