Расчистени сите улици во надлежност на Кисела Вода
Општина Кисела Вода известува дека по поројните дождови кои го зафатија ова подрачје, улиците кои се во надлежност на општина Кисела Вода, се расчистени и проодни.
Од таму велат дека системот за атмосферска канализација кој беше изграден во последниве две години на улиците "Ѓорѓи Димитров","Локов", "Фредерик Шопен", "Боро Камчевски", "Пушкинова", е комплетно во функција.
-По само 40тина минути од поројниот дожд, енормната количина на вода, беше примена во системот. На улиците, каде пред само неколку месеци општина Кисела Вода изгради нова атмосферска канализација, "Фредерик Шопен "и "Боро Камчевски", кои се во близина на објектот "Шампионче"и каде во минатото ваквите поројните дождови речиси секогаш зад себе оставаа поплава, проблем воопшто немаше. Во однос на улиците "Димо Хаџи Димов" и "Сава Ковачевиќ", сакаме да ве информираме дека од страна на Секторот за комунални дејности при општина Кисела Вода, веднаш беше искомуницирано со ЈП "Комунална хигиена" и ЈП "Водовод и канализација", чии екипи веднаш излегоа на терен. Воедно, бидејќи настанатата ситуација на улицата "Сава Ковачевиќ", е поради слевање на земјен материјал од поројните дождови, настанат од изведба на градежни активности од Министерството за транспорт и врски, за изградба на фекален колектор кон Сопиште, во склоп на проектот Сончев град, во расчистување на теренот се излезени и фирмите изведувачи, кои работат на овој проект, како и нивниот надзор, стои во соопштението на општината.
Екипите од општина Кисела Вода и од сите надлежни институции остануваат на терен. Општина Кисела вода, од своја страна, вклучи и сезонски работници, со цел проблемите на овие улици што поскоро да се решат и тие што поскоро да бидат повторно функционални
Состојбата се следи и по потреба ќе се превземат сите потребни активности кои се во наша надлежност.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа