Заре Марковски нов спортски директор на МКФ

 

Македонската кошаркарска федерација (МКФ)  соопшти дека Заре Марковски денеска на седницата на Управниот одбор ќе биде назначен за Спортски Директор на МКФ.

 По 24 години, со исклучок на двегодишниот ангажман кога беше селектор на нашата најдобра машка репрезентација, која што за прв пат ја преставуваше Македонија на едно Европско првенство во 1999 година во Франција и долга низа на престижни европски ангажмани, Заре Марковски повторно го става на располагање на матичната федерација огромното искуство и се очекува веќе денес да биде во Скопје, информираат од МКФ.

Марковски на местото спортски директор на МКФ го наследува Илија Мерџановски кој си поднесе оставка по доаѓањето на новото раководство.

 

 

Оцени ја веста

17.06.2015 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега