Велосипедска патека на бул. „Александар Македонски“

 

Пуштена е во употреба реконструираната велосипедска патека по должината на булеварот „Александар Македонски“, на потегот од клучката „Естекада“ до бараките на општина Гази Баба.

На пуштањето во употреба денеска присуствуваа градоначалниците на Град Скопје и на Гази Баба Коце Трајановски и Тони Трајковски.

- Постојната велосипедска патека на оваа делница беше многу оштетена и полна со дупки. Реконструкција е извршена на 1.530 метри и на ширина од 2,5 метри. Отстранет е стариот и оштетен асфалт, се санираа дупките и нерамнините, се поставија нови рабници и се нанесе нов асфалтен слој, рече Трајановски.

Додаде дека патеката е обележана со вертикална и хоризонтална сигнализација, со континуирана препознатлива бела боја, што е во согласност со Акцискиот план за велосипедските патеки 2014 – 2017 година што го подготви Град Скопје.

Оваа велосипедска патека ги заобиколува постојните автобуски станици од задната страна, а при нејзиниот влез и излез од крстосниците се направени рампи за глатко движење. По должината на патеката се поставени и столпчиња за да се спречи непрописното паркирање моторни возила.

Паралелно со реконструкцијата на велосипедската патека, Град Скопје ја реконструираше и пешачката патека по должината на булеварот „Александар Македонски“, од клучката „Естекада“ до бараките на општина Гази Баба. На терен работеа екипите на ЈП „Улици и патишта“.

За реконструкција на велосипедската и на пешачката патека Град Скопје потроши околу 11 милиони денари. 

 

 

Оцени ја веста

17.06.2015 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега