Латино дивата Џенифер Лопез му пееше на претседателот на Туркменистан
Американската поп пејачка Џенифер Лопез пееше синоќа на концерт по повод 56-от роденден на претседателот на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов во туристичкиот град Аваза на Касписко Море.
Џеј Ло е првата западна ѕвезда која настапувала во оваа поранешна советска република во Централна Азија, позната по огромните наоѓалишта на природен гас и кршењето на човековите права.
На крајот од концертот, облечена во традиционална туркменистанска носија, Лопез ја испеа „Среќен роденден г-н претседателе“ заедно со останатите учесници од Русија, Украина, Турција и Кина.
Прославата на роденденот на Бердимухамедов заврши со грандиозен 20-минутен огномет.
Учеството на американската пејачка беше организирано од кинеската нафтена компанија „Си Ен Пи Си“, која во 2009 година изгради гасовод за испорака на природен гас од Туркменистан за Кина.