Голден Стејт шампион во НБА лигата
Кошаркарите на Голден Стејт ја освоија шампионската титула во НБА лигата откако ноќеска во натпреварот број 6 го победија Кливленд на негов терен со 105:97.
Ова беше прва титула по пауза од 40 години за Голден Стејт или вкупно четврта во клупската историја. Во минатото победува во 1947., 1956. и 1975 година.
Признанието МВП (најкорисен) играч на финалето го освои Андре Игудала кој постигна 25 поени, а ист број поени реализираше и МВП играчот на регуларниот дел од сезоната Стефан Кари. Драјмонд Грин од Голден Стејт дуелот го заврши со „трипл-дабл“ 16 поени, 11 скокови и 10 асистенции.
Кај Кливленд Леброн Џејмс постигна 32 поена, но на последните три дуели кои оваа екипа ги загуби во финалето се почуствува отсуството на повредените Кајри Ирвинг и Кевин Лов.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа