Нејмар од „Каталонците“ ќе инкасира по 12 милиони евра од сезона

 

Бразилскиот репрезентативец Нејмар ќе потпише нов договор со Барселона по завршувањето на Копа Америка.

Одличниот фудбалер, според пишувањата на шпанските медиуми, со каталонскиот тим ќе потпише договор до 2020-та година, според кој ќе заработува 12 милиони евра годишно.

Нејмар во дресот на Барселона минатата сезона освои тројна круна, постигнувајќи десет голови во Лигата на шампионите и воедно ја подели титулата најдобар стрелец со Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Во шпанската Примера одигра 33 меча и постигна 22 голови.

 

 

 

Оцени ја веста

16.06.2015 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега