Милан го отпушти Инзаги и го ослободи тренерското место за Михајловиќ
Синиша Михајловиќ и официјално ќе биде новиот тренер на италијанскиот гигант Милан во следната сезона. Ова и дефинитивно стана јасно откако челниците на „росонерите“ денес му дадоа отказ на досегашниот стратег Филипо Инзаги.
За да може да дојде на „Сан Сиро“, Михајловиќ по крајот на сезоната ја напушти Сампдорија.
Од Милан и претходно најавија дека ќе го отпуштат Инзаги, кој го водеше тимот во една од најслабите сезони на клубот во последните две децении.
Милан заврши на 10 место на табелата во Серија А и не обезбеди место во европските натпреварувања.
Некогашниот селектор на Србија потпиша двегодишен договор со 18-кратниот италијански првак. Михајловиќ како тренер има работено и во екипите на Болоња, Катанија, Фиорентина и Сампдорија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа