Кој го менува Нојер на голманското место во Баерн Минхен?

 

Доскорешниот голман на Штутгарт Свен Улрајх потпиша тригодишен договор со германскиот шампион Баерн Минхен.

Улрајх во баварскиот клуб доаѓа како замена за Пепе Реина, кој најави враќање во Наполи.

- Барав нов предизвик, по толку многу години поминати во Штутгарт. Сега сум на вистинското место. Сакам да го дадам мојот придонес и помогне на клубот да го продолжи со успесите, изјави Улрајх.

26-годишниот чувар на мрежата во Баерн ќе ја чека својата шанса од втор план, бидејќи прв голман на клубот е Мануел Ноер.

 

 

Оцени ја веста

16.06.2015 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега